Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца жители на Куманово вчера се приведени во полициска станица откако попречувале во работа полициски службеници кои биле на должност и им го оштетиле возилото.
„На службен разговор се приведени И.Р. (45) и С.Р. (48), двајцата од Куманово. Во 08.40 часот на улица „11 Октомври“ во Куманово И.Р. се однесувал агресивно и попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, додека С.Р. оштетил службено полициско возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk