Приведени двајца кумановци за кражба од објект во изградба

14.04.2022 13:20 | Жаклина Цветковска

Двајца кумановци , денеска, се приведени при обид на кражба на предмети од објект кој бил во изградба.

Приведени двајца кумановци за кражба од објект во изградба

Полициски службеници од СВР Куманово,  на булеварот „Трета македонска ударна бригада“,  ги лишиле од слобода Е.П.(40) и Т.Т.(40) од Куманово.  Тие биле затекнати при обид да одземат предмети од објект во изградба.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk