Приведени двајца насилници, одземале чанти и напаѓале граѓани

05.09.2023 14:42 | Сузана Николиќ

 Кумановец и тетовец се приведени во кумановската полиција, откако за два дена извршиле неколку кривични дела.

Приведени двајца насилници, одземале чанти и напаѓале граѓани

„Полициски службеници ги лишиле од слобода М.Ј.(27) од Тетово и Ш.Ш.(46) од Куманово. Тие се сомничат дека изминатите два дена извршиле повеќе кривични дела. На 04.09.2023 во Градски парк во Куманово физички нападнале вработени во ЈП „Чистота и зеленило“ и им се заканиле со остар предмет. Истиот ден влегле во угостителски објект на улицата „11 Октомври“ и одзеле чанта. На 03.09.2023 се обиделе да одземат чанта од угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово. Кога биле приведени во полициска станица се обиделе со остар предмет да нападнат полициски службеници“, соопшти СВР Куманово.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk