Приведени двајца разбојници во Куманово

03.11.2023 14:34 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово привеле двајца разбојници од Куманово.

Приведени двајца разбојници во Куманово

Во текот на вчерашниот ден, тие ги лишиле од  слобода Г.Н.(35) и Д.Д.(42), кои се сомничат дека на улицата „Тане Георгиев“ во Куманово со тврд предмет го нападнале кумановецот  Д.П.(29) и му го одзеле мобилниот  телефон.

Осомничените биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk