Приведени двајца возачи од Куманово возелe под дејство на алкохол

28.06.2025 12:02 | KumanovoNews

Полицијата привела двајца кумановци затоа што возеле под дејство на алкохол.

Приведени двајца возачи од Куманово возелe под дејство на алкохол

„Во 00.13 часот на ул.„100“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле В.К. (80) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,72 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. Исто така денеска во Куманово, но на бул. „Октомвриска револуција“ во 00.43 часот полициски службеници од СВР Куманово приведен е Н.Р.(43) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,67 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk