Приведени двајца возачи во Куманово, возеле под дејство на алкохол

16.06.2025 15:03 | KumanovoNews

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово вчера попладне ги лишиле од слобода В.Ц.(30) од Куманово и Е.С.(32) од Скопје.

Приведени двајца возачи во Куманово, возеле под дејство на алкохол

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген венто“, кое го управувал В.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1.69 промили алкохол во крвта.

Додека, при контрола на патниот сообраќај и возилото „бмв“, кое го управувал Е.С.,  било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1.84 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk