Приведени две лица кои запалиле автомобил на кумановец

13.01.2022 12:28 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од СВР Куманово вчера ги лишиле од слобода Б.Ш.(27) и Ш.И.(33), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека во  декември минатата година, на бул.„Трета МУБ“ предизвикале пожар во патничко возило „фиат деа“, сопственост на С.К. од Куманово. 

Приведени две лица кои запалиле автомобил на кумановец

Тие биле приведени и задржани во Полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk