Приведени две лица, криумчареле мигранти

02.10.2024 11:22 | KumanovoNews

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, вчера во 19.40 часот во с.Табановце на крстосница кон с.Лојане, ги привеле  Б.Р.(41) од с.Матејче, липковско, и Љ.Љ.(32) од Куманово. 

Приведени две лица, криумчареле мигранти

„При преглед во патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р., а сопатник бил Љ.Љ., биле  пронајдени две лица мигранти од Непал. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk