Приведени две лица за вооружениот грабеж во Куманово

16.03.2024 12:14 | Сузана Николиќ

Две лица од Скопје се приведени под сомнение дека синоќа го извршиле вооружениот грабеж во Куманово.

Приведени две лица за вооружениот грабеж во Куманово

Полициски службеници од СВР Куманово денеска ги привеле М.А.(28) и Е.А.(32), двајцата од с.Буковиќ, скопско. Тие се сомничат дека на 15.03.2024 околу 20.20 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово со патничко моторно возило „ренџ ровер" со скопски регистарски ознаки удриле во патничко моторно возило „фолксваген пасат", кое го управувал С.С.(63) од Куманово, при што пукале кон С.С. и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле возилото „ренџ ровер", соопшти МВР. 

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk