Приведени лица од Слупчане кои го тргнаа македонското знаме од јарболот

31.03.2017 17:01 | KumanovoNews

Две лица од Слупчане, општина Липково, упасени се поради тоа што го тргнале македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово и поставиле албанско знаме.

Приведени лица од Слупчане кои го тргнаа македонското знаме од јарболот

Како што соопштуваат од МВР се работи за Љ.И.(20) и негов седумнаестгодишен соселанец.

Тие во 16 часот дошле до јарболот пред хотелот Кристал и го спуштиле државното знаме, по што на негово место го подигнале албанското знаме. Биле забележани од двајца инспектори, кои ги фатиле.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk