Приведени лица поради незаконит лов

04.03.2022 14:05 | Сузана Николиќ

Помеѓу селата Романовце и Брзак, кумановско, синоќа во 23.10 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода З.С.(55) од село Мршевци, скопско и Д.П.(45) од село Мралино, скопско, затоа што вршеле незаконит лов. 

Приведени лица поради незаконит лов

При преглед кај нив биле пронајдени и одземени улов и ловечка пушка „Застава“ со патрони. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk