Приведени менаџер и управител на угостителски објект во Куманово, пуштале музика во денови на жалост

23.03.2025 13:26 | KumanovoNews

Во Куманово се приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект, бидејќи не ја почитувале одлуката за седумдневна жалост, по смртаа на 59 млади лица во пожарот во кочанската дискотека. 

Приведени менаџер и управител на угостителски објект во Куманово, пуштале музика во денови на жалост

„Вчера полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.М.(35) и А.Р.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Во текот на вчерашниот ден во угостителски објект во Куманово каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Куманово и одговорните лица се лишени од слобода, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави во врска со чл.387 од КЗ“, соопшти СВР Куманово.

Покрај во Куманово, контроли се вршени и на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и приведени се вкупно 17 лица, поради постоење основи на сомнение за непочитување на одлуката.

„Притоа, на подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект, на подрачјето на Прилеп се приведени 12 лица, од кои едно е малолетно. Во Кичево е приведено едно лице – сопственик на угостителски објект, додека пак во Куманово се приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk