Приведени навивачи - нападнале играч на спортски натпревар

19.05.2025 11:28 | KumanovoNews

Двајца кумановци се приведени бидејќи на полувреме на кошаркарски натпревар нападнале играч и се обиделе да му го соблечат дресот. 

Приведени навивачи - нападнале играч на спортски натпревар

„На 17. мај во 20.00 часот, полициски службеници лишија од слобода двајца кумановци. На полувреме на кошаркарскиот натпревар од кошаркарската супер лига помеѓу екипите на МКК „Куманово“ и МЗТ од Скопје во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“ тие се обиделе да нападнат играч од домашната екипа и да му го соблечат дресот. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk