Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шест лица од Куманово се приведени во полиција, затоа што со уште две лица од Албанија, предизвикале пожар во дебарско.
„Во врска со пожар за кој вчера бил пријавен дека настанал во с.Горно Мелничани, дебарско, од страна на полициски службеници биле лишени од слобода осум лица (шест од Куманово и две од Албанија) и во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Дебар тие се задржани во полициска станица. Службен разговор е извршен со уште едно лице од с.Броштица. По документирање и на овој случај ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.
Во изминатото деноноќие поднесена е една кривична пријава од СВР Охрид- ОВР Дебар до Основното јавно обвинителство Дебар, во врска со пожар настанат на 8 август, во с.Бомово, дебарско, против Б.М.(60) од Дебар, за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, по член 227 од Кривичниот законик.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk