Приведени тројца кумановци осомничени за кражба на сепарација

26.11.2024 14:38 | KumanovoNews

Тројца кумановци се приведени, под сомнение дека извршиле кражба на сепарација во близина на Куманово.

 

Приведени тројца кумановци осомничени за кражба на сепарација

„На 25. ноември во 15.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Л.Ш.(25), Ѓ.Ш.(33) и Т.И.(33), сите од Куманово. Тие се сомничат дека  од сепарација во село Добрашане, кумановско одзеле повеќе предмети. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk