Приведени затоа што дивееле на спортски натпревар

18.12.2010 14:13 | KumanovoNews

С.К.(20) и М.К.(16), и двајцата од Куманово се приведени во полициската станица во Велес поради нарушување јавниот ред и мир на спортски натпревар.

Приведени затоа што дивееле на спортски натпревар

Приведените  вчера во периодот од 19.30 до 21.30 часот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, за време на одржување на ракометниот натпревар помеѓу екипите на РК „Борец„ и РК-„Куманово„, фрлале столици, тврди предмети и користеле на пиротехнички средства - петарди.                                                

Против двајцата кумановци ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk