Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
При крај е чистењето на речните корита во Општините Старо Нагоричане и Куманово, со што се намалува ризикот од излевање на водите тврдат од ДЗС.
- Веќе една недела ги чистиме речните корита со што тие се прошируваат на местата каде претходно имало излевања. Со механизација чистено е кај Меморијален центар АСНОМ во Пелинце, во селата Довезенце, Јачинце, корито на река Живуша, Крива Река. Којнарка засега има голем водостој и од оправдани причини нема да се чисти, ќе почекаме бидејќи таму треба да влезе голема машина да исчисти - велат од Дирекција за заштита и спасување.
И Општина Липково со машини ги чистеше речните корита кои се на нејзина територија и претставуваат потенцијална опасност за поплави.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk