Привршува изградбата на спортската сала во Липково

03.03.2015 09:56 | KumanovoNews

Во завршна фаза е изградбата на спортската сала во основното училиште “Дитурија“ во село Липково.

Привршува изградбата на спортската сала во Липково

Салата се гради со средства од Министерството за образование и наука, и ќе им служи на учениците за изведување на настава по физичко воспитување.

“Се работи за сала со средна големина. Досега учениците часови по физичко одржуваа надвор, бидејќи немаше сала. На проектот работиме подолго време и сега сме во финална фаза. Деновиве се очекува да биде пуштена во употреба.“ - вели Неџати Османи, секретар во општина Липково.

Во општина, спортски објекти за учениците има во селото Слупчане и во гимназијата во Липково.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk