Привршува пријавувањето за обука кај познат работодавач

11.07.2012 13:37 | KumanovoNews

 До 17  јули во Центрите за вработување можат да се пријават невработените за обука кај познат работодавач.

Привршува пријавувањето за обука кај познат работодавач

За секој кандидат кој ќе биде избран и ќе следи обука, се предвидува парична помош од 4.400 денари месечно. Обуката ќе се спроведува во работните простории на работодавачите и ќе трае три месеци.

    Сите детали околу правата и обврските на  невработените и газдите ќе бидат регулирани со договор. Јавниот оглас за вклучување на невработените во ваква обука беше отворен кон крајот на јуни. Овој проект е дел од Оперативниот план и програмата на Владата за период од 2011 до 2015 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk