Привршува рановирањето на Градската библиотека

13.01.2010 14:45 | KumanovoNews

Реновирањето на библиотеката „Тане Георгиевски“ ќе заврши до крајот на следната недела. Со доработака на надворешните и внатрешни работи и прередување на фондот на книги процедот на  уредување на библиотеката целосно ќе се заокружи.

Привршува рановирањето на Градската библиотека

За реновирањето се потрошени средства во висина од 2.700 000 денари за целосна реконструкција на вратите, прозорците, ентериерот и вентилацијата во објектот. Сретствата се обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа. Во библиотеката ќе бидат конплетно сменети работите простории кои не се реновирана од 1966 година. Единствено е интервенирано во осовременување на читалната во 2006година - изјави директорката Нада Ивановска.

 Веќе од понеделник ќе започне издавањето на книги за читателите, а од следната недела ќе биде во функција и читалната со стручната литература и интернет. Од библиотеката се надеваат дека реновираните простории ќе ги потикнат граѓаните за поголема посетеност, бидејќи ќе можат да уживаат во новиот простор.

И.П.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk