Признание за Општина Куманово за креативeн развој на претприемништвото

19.10.2019 07:46 | KumanovoNews

Општина Куманово доби признание од организацијата “Глобал локал”, од Хрватска, за особени залагања преку креативни идеи и решенија до одржлив развој на претприемништво во Средна и Југоисточна Европа, во категоријата најдобри локални заедници во 2019 година..

Признание за Општина Куманово за креативeн развој на претприемништвото

Наградата секоја година се доделува на локални и регионални заедници, како и јавни институции, кои во денешното динамично секојдневие, преку оригинални решенија и креативните идеи, значајно допринесуваат за одржлив развој на претприемништвото, како основа за развој на заедницата и човекот, како и за севкупен економски и општествен развој.

Свеченоста на доделувањето на наградите и признанијата  „Глобал локал“ се одржа на Светскиот конгрес на претприемачи, во Скопје, кој е под покровителство на Владата на Македонија. Наградата ја прими градоначалникот Максим Димитриевски.

„Сакам да ве потикнам сите локални лидери да размислувате локално, а да се доживувате глобално, следејќи ги светските трендови на патот на успехот, бидејќи само ако сме заедно можеме да успееме на патот на развој на нашите заедници и нашите држави“, - изјави Димитриевски.

Награди добија и општините Свети Николе, Македонска Каменица,  Илинден и др.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk