Признанија за кумановските крводарители

20.03.2015 09:46 | KumanovoNews

Црвен Крст Куманово додели признанија и благодарници на редовните крводарители, кои дарувале крв по 5,10,25 ,50 и 75 пати, заклучно со 2014 година.

Признанија за кумановските крводарители

Свеченоста беше организирана по повод Денот на Црвениот крст и Денот на доброволното дарување крв. Благодарници добија сите поединци, фирми, организации кои организираат крводарителски акции.

“Задоволни сме од бројката на крводарувања, која последниве 5-6 години рапидно расте не само на подрачјето на Куманово, туку воопшто на територијата на цела држава“ - изјави Нухи Јусуфи, претседател на општинската организација на Црвениот крст.

На 40 крводарителски акции кои ги организираше  Црвениот крст Куманово лани, регистрирани се 2.700 крводарувања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk