Продавајќи новогодишни украси ќе собираат средства за хуманитарни цели

15.12.2015 13:18 | KumanovoNews

И оваа година волонтерите од Црвен Крст Куманово ќе продаваат рачно изработени украси , со што ќе соберат средства кои ќе одат во хуманитарни цели.

Продавајќи новогодишни украси ќе собираат средства за хуманитарни цели

Рачните изработки непосредно пред Нова година ќе бидат продавани во центарот на градот.

Правиме снешковци, Дедо Мразовци, елки, кои ќе ги продаваме на одредени места во центарот на градот. Вклучени се волонтери од Клубот на млади, има и од средни и од основни училишта. Некои од волонтерите ќе направат по десет украси, кој колку може. Граѓаните да бидат хумани, да донираат кој колку може и да помогнат на тој начин. Со овие украси сакаме да направиме некое семејство среќно. Кога доаѓа Нова година сите се среќни, па и ние да усреќиме некого - кажа Ангела Спасовска, волонтерка во Црвен Крст.

Оваа активност традиционално се спроведува секоја година во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk