Продавале фалсификувани парфеми како оргинали

26.04.2016 13:38 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.Л.(25) од Гостивар и М.Т.(26) од Велес, под сомнение за сторени кривични дела „повреда на право од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „измама на купувачи“.

Продавале фалсификувани парфеми како оргинали

На 30. март годинава, околу 15,00 часот на ул. „Гоце Делчев“ во Куманово, пријавените претставувајќи се како лажни застапници на правен субјект со намера да прибават противправна имотна корист, а истовремено да ја оштетат марката „Хуго бос“ измамиле повеќе купувачи и пуштиле во промет, а исто така понудиле и на продажба 15 парфеми произведени од непознато лице, а означени со слично лого.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk