Продажен базар за Свети Валентин

03.02.2016 09:31 | KumanovoNews

Во маркетот „Туш“ на 12 февруари ќе се одржи продажен базар за Свети Валентин, организиран од учениците од здравствената струка од „Наце Буѓони“ и од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“.

Продажен базар за Свети Валентин

На штанд учениците и корисниците на „Порака наша“ ќе продаваат украси и рачни изработки.

Ова ни е традиционален базар кој го правиме веќе 7 години. Има одзив од граѓаните инаку базарите не би се одржувале. Вообичаено 3 до 4 пати годишно правиме базари за помош на „Порака наша“ и овој пат парите собрани од базарот ќе бидат за функционирањето на центарот - вели Ленче Ѓоршевска Ангеловиќ, професор по здравствена струка предмети во „Наце Буѓони“.

Базари обично се организираат за Нова година и по повод 8 март-Денот на жената.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk