Продолжен рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година

28.06.2024 16:54 | KumanovoNews

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го продолжи рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година, за да излезе во пресрет на земјоделците кои до денес сѐ уште го немаат остварено своето право за поднесување на апликација за субвенции.

 

Продолжен рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година

Согласно Одлуката на Влада од првата седница, рокот за аплицирање за субвенции за основните мерки за растително и сточарско производство се продолжува за период од 1 месец, односно крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции од Програмата за директни плаќања за 2024 година е 31 јули 2024 година.

„Ги повикуваме сите земјоделци кои го немаат реализирано оваа право, доколку не можат сами да креираат апликации да се јават во Подрачните единици на МЗШВ каде од страна на вработените ќе им биде креирана и поднесена апликацијата или самостојно да си поднесат апликација за субвенции за 2024 година согласно Програмата и Уредбата за директни плаќања за 2024 година“, соопштуваат од МЗШВ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk