Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради зголемен интерес на граѓаните за користење на мерката за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2022 година, Општина Куманово одлучи да го продолжи рокот за поднесување на барања за остварување на ова право.
Сите заинтересирани лица, кои ги исполнуват условите можат да поднесат барање до 7 март 2022 година.
Субвенционирањето на трошоците за комунални сметки вклучува покривање на трошоци за потрошена вода за пиење до 900 денари, како и покривање на трошоци за изнесување на смет до 300 денари.
Ова право можат да гокористат самохрани родители, стечајни работници кои не стекнале право на материјално обезбедување, згрижувачки семејства, деца без родители и родителска грижа, лица кои примаат надоместок заради попреченост, приматели на право на социјална сигурност за стари лица со навршени 65 години, корисници на гарантирана минимална помош и материјално и станбено необезбедени лица од Куманово.
Барањата можат да се подигнат во архивата на Општина Куманово, на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак“, спроти Градскиот стадион или во канцеларија бр.17 (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита), а информации може да се добијат и на телефон 075/323-569 од 08:00 – 16:00 часот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk