Продолжен рокот за поднесување на годишна сметка до Централниот регистар

12.03.2021 09:51 | KumanovoNews

Рокот за електронско поднесување на годишна сметка до Централниот регистар се продолжува заклучно со 25.03.2021 година до полноќ. 

Продолжен рокот за поднесување на годишна сметка до Централниот регистар

По барањата пристигнати до Владата и до Централниот регистар за одложување на рокот за доставување на годишна сметка, Централниот регистар излегува пресрет на обврзниците и на сметководителите за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка.

 Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи врз основа на состојбата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот КОВИД-19, а со цел  запазување на законските рокови.

 Согласно податоците од Централниот регистар заклучно со вчерашниот ден 11.03.2021 година над 90 % од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка. Централен регистар како сервисно ориентирана институција е подготвена да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk