Продолжи маршот „За заедничка Македонија“ во Куманово

14.03.2017 10:00 | KumanovoNews

Кумановци, синоќа тргнаа од трговскиот центар „Сума“ прошетаа по улиците во центарот на градот и завршија пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Продолжи маршот „За заедничка Македонија“ во Куманово

На присутните им се обрати Невена Величковска која рече дека ова е четврти Илинден, каде Македонците ја искажуваат почитта кон оние кои живеат под ова небо.

 Дојде ред и на нас да покажеме взаемна почит. Ние, современците на овој миг, имаме должност да ги споиме тие вредности од минатото, за доблесно да се насочиме кон иднината, рече Величковска.

Таа додаде дека ниту еден патриот не е против националните права, култура, традиционалните вредности на својот сограѓанин.

Маршот по десети пат го организацираше иницијативата „За заедничка Македонија“ за зачувување на унитарниот карактер на државата, против двојазичноста, промена на Уставот и отфрлање на т.н. „тиранската платформа“.

Маршот вечерва ќе започне во 18 часот пред општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk