Продолжи протестот „За заедничка Македонија“

03.03.2017 08:23 | KumanovoNews

Синоќа во Куманово, трет ден по ред, се одржа маршот што го организира граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Продолжи протестот „За заедничка Македонија“

Протестот започна од Соколанскиот парк, а заврши пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

„Овде сме да ја одбраниме Македонија, таква каква што ни ја оставија нашите претци. Не се работи за политичка партија, за функции, туку за нешто големо. Се работи за нашата татковина - Македонија“,- рече Миомир Панковски, директор на Здравствениот дом Куманово пред присутните.

Протестантите пееја патриотски песни и бараа да не се воведе двојазичност во државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk