Продолжи штрајкот на судската администрација

19.05.2016 12:30 | KumanovoNews

Втор ден штрајкува администрацијта во Основниот суд Куманово, барајќи зголемување на платите за 35 проценти.

Продолжи штрајкот на судската администрација

И денеска вработените беа на своите работни места, но не ги извршуваа секојдневните работни обврски. Се работат само итните предмети и тоа предмети во кои има притвор, странски елемент, времени мерки, тестамент и се издаваат уверенија за странство и за вработување.

Околу пладне, вработените излегоа пред зградата на Судот да го изразат својот револт од игнорантскиот однос на власта.

 Од синдикатот велат дека протестот ќе трае до исполнување на барањата на администрацијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk