Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Основниот суд Куманово се одржа третото рочиште против Б.Л. од Лојане и А.Л. од Куманово, обвинети за убиството на Реџеп Исмаили (45), познат како командант Шипоња.
На судењето прегледани се снимките од видео надзорот од местото каде се случила престрелката и испрашано е вешто лице, кое изготвило психијатриски извештај за обвинетите. Во предходна постапка обвинетите го признале делото за недозволено поседување на оружјето, а на следното рочиште, кое ќе се одржи кон крајот на август, ќе бидат испрашани сведоци на обвинителството. На обвинетите им се суди за кривични дела убиство и убиство во обид.
Реџеп Исмаили (45), познат како командант Шипоња беше убиен, а неговиот братуџед Шефки Реџепи (38) и сопартиецот Гани Демири (38), беа ранети во вооружената престрелка што на 23. јули минатата година, во кафе барот „Шпија Јон“ на улицата „11 Ноември“ во населбата Бедиње. Додека во локалот седел Б.Л., в.д. претседател на разгранокот на ДУИ во Куманово и уште две лица, пристигнала петчлената група на Шипоња. Меѓу сопартијците настанала расправија која прераснала во физичка пресметка. Тогаш било употребено оружје при што смртно е ранет Шипоња. Двајцата повредени поради сериозноста на повредите беа префрлени во Ургентниот центар во Скопје.
Партиски извори тогаш кажуваа дека помеѓу Лимани и Шипоња постоела нетрпеливост поради нивните амбициите да го водат огранокот на ДУИ во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk