Продолжува акцијата „Не биди ѓубре“- ќе се чисти сметот карши „Фреш“

06.07.2019 08:26 | KumanovoNews

Волонтери од граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ утре ќе го чистат сметот на ул. „Моша Пијаде“, поточно спроти продавницата за бели пецива „Фреш“.

Продолжува акцијата „Не биди ѓубре“- ќе се чисти сметот карши „Фреш“

На локацијата се наоѓа запуштена трафика, која несовесните граѓани ја користат како контејнер.

„Со цел да се подигне еколошката свест и да се исчисти сметот во кој живееме со години, во недела во 8 часот, ќе организираме нова акција. Имаме алат, ракавици и се што ни е потребно и кој сака може слободно да дојде и да ни помогне. Намерно избравме да се чисти во центарот на градот и во недела, за да можат да ни се приклучат што поголем број на луѓе, особено оние коишто живејат во околните куќи и згради“ - вели Јована Спасиќ од „Не биди ѓубре“.

Минатата сабота волонтерите од „Не биди ѓубре“,  ја организираа првата акција во Куманово,  а се чистеше дивата депонија на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, помеѓу  населбите Пуковско и Проевце, при што беа изнесени на 300 тони смет и шут, со помош на комуналните претпријатија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk