Продолжува бојкотот на наставата-средношколците потпишуваат петиција

14.04.2015 07:24 | KumanovoNews

Бојкотот на наставата продолжува и денеска во сите средни училишта во градот.

Продолжува бојкотот на наставата-средношколците потпишуваат петиција

Средношколците утринава почнаа со потпишување петиција за исполнување на нивните барања, информираат од Средношколскиот пленум.

Тие бараат поддршка од граѓаните за укинување на лошите реформи во образованието и да не се полага математика на државна матура.

“Пред сите средни училишта се поставени штандови, каде граѓаните можат да се потпишуваат и да дадат поддршка на нашата иницијатива. Има одзив кај граѓаните. Никаква информација немаме од МОН, ниту потврдна ниту негативна за нашето барање да не повикаат на разговор“ - велат од Средношколскиот пленум.

Средношколците најавија дека и наредните денови ќе продолжат со истите активности, за да го искажат револтот од игнорантскиот однос на институциите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk