Продолжува гасификацијата на градот

09.04.2010 13:57 | KumanovoNews

 Со задоцнување од година ипол во мај конечно ќе продолжи гасификацијата во Куманово. Од ЈП„Куманово - гас„ се надеваат дека ГАМА  овојпат ќе го исполни ветувањето и ќе ја постави мерно-регулационата станица од 6.000 кубни метри, бидејќи е должна по Законот за енергетика да изврши приклучок на главниот вод.

Продолжува гасификацијата на градот

 Со тоа ќе се создадат услови за понатамошно ширење на нашиот систем и мрежа во која ќе почне приклучувањето на првите потрошувачи во централното градско подрачје - вели Момчило Мирчевски,директор на ЈП „Куманово-гас“.

Благодетите на гасот први ќе ги почувствуваат најголемите потрошувачи: државните институции градинката „Синоличка„ ,училиштето „11 Октомври“, Домот за стари лица, Житомел,полицијата и др.

Гасификацијата на целата општина се планира да биде завршена за 4 до 5 години. Капиталниот  проект ќе чини  10 милиони евра, кој досега се финансира исклучиво со сретства од локалната самоуправа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk