Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Продолжуваат градежните работи на канализационата мрежа на улиците „Перо Шварц“ и „Среќко Пужаљка“.
Денеска ќе се вршат приклучоци на стамбените и деловни објекти, поради што сообраќајот на двете улици ќе биде прекинат.
“Во врска со имплементација на ИПА – проект „Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во Општина Куманово“, секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и природата ги информира граѓаните дека од денеска ќе се започне со градежни работи – попречни приклучоци, на улиците „Перо Шварц“ и „Среќко Пужаљка“. За краткиот период додека се изведуваат градежните работи на спометаниве локации, сообраќајот ќе биде блокиран со цел да се изведат што е можно побрзо градежните зафати. Воедно ги молиме граѓаните да ги отстранат моторните возила од улиците, како и да соработуваат заради непречено работење, - соопштуваат од оптина Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk