Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По едно неделна пауза од денеска продолжила изградбата на кружниот тек на влезот на градот, поточно на крстосницата на улицата „11 Октомври“ и Трета „МУБ“.
Застојот настанал поради испитувањата коишто ги извршил инвеститорот во однос на подземната инсталација.
„ Проектот е прилично сериозен, бидејќи тука е сконцентрирана сета подземна инфраструктура, тука поминуваат главните цевки за водоснабдување на целиот град, како и сите оптички кабли за телекомуникација, сите кабли за снабдување со електрични енергија на градот. Се јави времен застој од 7 дена заради тоа што мораше да се направи дополнително вештачење дали треба подземната инфраструктура делумно да се дислоцира. Доколку требаше да се интервенира постоеше опасност градот да остане 3-4 дена без вода. За среќа од надлежните ни беше посочено дека може да се продолжи со работа и од тоа денеска тоа е сторено“, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски, на прашањето на советникот Томица Илиќ, до кога се планира завршување на кружниот тек.
Граѓаните во изминатиот период реагираа поради тоа што се запрени работите на градилиштето, па пренасочениот сообраќај создава гужви и проблеми во движењето со возила.
Градоначалникот најави дека проектот ќе биде завршен до празникот на градот на „11 Ноември“.
Тој појасни дека станува збор за модерно сообраќајно решение, со комплетно ново хоризонтална и вертикална сигнализација, реконструкција на улицата „11 Октомври“ до поврзување со автопатот.
Дел од советниците прашаа зошто сега се раскопува новиот асфалт кој беше поставен минатата година, на што надлежните одговорија дека тогаш се поставувала нова фекална канализација и поради тоа улицата морала да биде асфалтирана, за да може непречено да се одвива сообраќајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk