Продолжува изградбата на водоводната мрежа во Липково

16.02.2015 08:55 | KumanovoNews

И годинава ќе продолжи изградбата на водоводната мрежа во општина Липково, проект кој го финасира државата.

Продолжува изградбата на водоводната мрежа во Липково

Досега е изградена мрежа од село Липково до Оризаре, а потоа ќе се работи од Липково до селата Лојане и Никуштак.

“Завршен е мал дел од проектот, кој чини 7 милиони евра.  Водоводот се гради со држави пари, а општината помага колку има моќ. Во општина Липково од 22 населени места ниту едно нема водовод,со исклучок на неколку селски водоводи„ - рече Неџати Османи, секретар во општина Липково.

Мештаните вода користат од бунари или од водоводи кои самоиницијативно ги граделе.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk