Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре, со почеток во 10 часот, ќе се одржи прослава на Бадник во паркот зад продавницата „Кипер“.
Прославата се организира по вторпат за жителите од локалитетите Водовод, Нико и Ореов Лад, во месната заедница „Панче Пешев“.
„Ги покануваме сите наши соседи и пријатели да дојдат и заеднички да го одбележиме Бадник во нашето маало. Идејата е оваа прослава да прерасне во традиција и секоја година заеднички да го одбележуваме празникот. Да се дружиме и подобро да се запознаеме, да се почитуваме и да си помагаме“, вели Бобан Кипријановски, член на организацискиот одбор.
За посетителите е обезбедена бадникарска трпеза и грејана ракија, а ќе бидат поделени и бадникарски гранчиња и лепчиња со паричка. Ќе се избере кум и за наредната година. Прославата ќе биде збогатена со музика и песна, како што доликува на празникот.
Прославата на Бадник се организира со средства на организацискиот одбор и со поддршка од донатори и фирми од маалото.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk