Продолжува маршот „За заедничка Македонија“

17.03.2017 09:59 | KumanovoNews

Кумановци и синоќа се приклучија на маршот „За заедничка Македонија“ и ги повторија пораките за зачувување на унитарниот карактер на државата и против двојазичноста, промена на Уставот и отфрлање на тиранската платформа.

Продолжува маршот „За заедничка Македонија“

Протестот започна од булеварот „Октомвриска револуција“ и продолжи кон централно градско подрачје, а  заврши пред Центарот за култура. Таму се обрати Тони Чатлоски, кој рече дека секој ден се повеќе граѓани од различни возрасти се приклучуваат кон одбраната на татковината и идентитетот.

Протестен марш е најавен и за денеска oд пред црквата „Свети Никола“ во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk