Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановци и синоќа излегоа на маршот „За заедничка Македонија“ и ги повторија пораките за отфрлање на тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата.
Тргнаа од булеварот „Октовмриска револуција“, поминаа по улиците во централното градско подрачје и завршија пред Центарот за култура.
На присутните им се обрати пејачот Орце Стефковски, кој истакна дека мора да надвладее разумот за да се одбрани татковината и да се зачува земјата, која во минатото била делена.
Граѓаните порачаа дека не сакаат двојазична Македонија, бинационална држава која води кон разнебитување и федерализација.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk