Продолжува поставувањето на електронски водомери во Куманово

26.02.2022 07:31 | Жаклина Цветковска

ЈП „Водовод“ Куманово отпочна со втората фаза од проектот за замена и инсталација на куќни, комбинирани, индустриски и ултразвучни водомери и нивна интеграција во системот за далечинско отчитување во водоснабдителниот систем на Општина Куманово.

 

Продолжува поставувањето на електронски водомери во Куманово

„Со цел намалување на загуби на вода, предвидено е на 20 карактеристични позиции на водоводниот систем на Куманово да бидат поставени преносни ултразвучни мерачи на проток и притисок. Заедно со протокомерите ќе се инсталира и софтвер за зонски мониторинг, со што во реално време ќе биде следена хидрауликата на водоводниот систем на Куманово и ќе се детектираат сектори каде има загуба на вода“, соопштуваат од ЈП „Водовод“ Куманово.

Со набавените два гео-корелатори и два геофони прецизно ќе се детектираат протекувањата, кои, како што велат од ЈП „Водовод“, екипите ефикасно и навремено ќе ги санираат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk