Продолжува потрагата по возачот од „голфот“ со кумановски таблички што падна во Вардар кај Желино

28.09.2022 13:56 | Оливера Пешевска

Екипа на МВР, тетовски пожарникари, вработени во Општина Желино и екипа нуркачи од Дирекцијата за заштита и спасување од Велес, и денеска трагаат по возачот од возилото кое вчера излета од патот кај село Желино и заврши во надојдените води на реката Вардар.

Продолжува потрагата по возачот од „голфот“ со кумановски таблички што падна во Вардар кај Желино

„До овој момент не е пронајдено лицето кое управувало со возилото, или лицата кои евентуално можеби биле во возилото. Потрагата денеска продолжи од 8 часот и повторно се пребаруваат и двете страни од реката Вардар“, соопшти денеска СВР Тетово.

Медиумите информираат дека станува збор за 22-годишно момче од Куманово.

Вчера околу 11,30 часот, „голф 4“ со кумановски регистарски таблички излета од патот и падна во Вардар кај Желино. Поради брзината на водата возилото било носено по течението на реката, набрзо пропаднало во природен јаз и визуелно не можело да се види. На местото на инцидентот веднаш дошле екипи на МВР, од Оперативниот центар на СУК, тетовските пожарникари и Брза помош. 

Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време пропаднало во природен јаз и визуелно не се гледало. Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со нив“, објави ЦУК.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk