Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Продолжува реконструкцијата на улиците во централното градско подрачје.
Деновиве се работи на реконструкција и поставување асфалт на улицата „Народна Револуција„, а работите ќе продолжат на „Октомвриска револуција“ од раскрсницата со „Видое Смилевски Бато“ до „Митев Мост“, каде има големи оштетување и не се безбедни за сообраќајот.
„Потоа улицата „Ѓорче Петров“ покрај „Туш“, а во моментот подготвуваме уште неколку поголеми улици: „100“ во населбата Карпош, „Тоде Думба“ и „Тоде Мендол“. Со оваа динамика за месец и половина најкасно до средина на август целосно ќе биде завршено она што беше планирано за оваа година за реконструкција на патната инфраструктура“, – изјави градоначалникот Зоран Дамјановски, кој направи обиколка на терен.
Паралелно со реконструкција на улиците ќе се градат и тротоари, а не неколку улици ќе се постават лежечки препреки за да се зголеми безбеднсота на пешаците.
За реконструкција и летно одржување на улиците во централното градско подрачје општината ќе потроши 48 милиони денари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk