Продолжува штрајкот на просветарите во Куманово и Липково

21.01.2015 09:24 | KumanovoNews

Наставниците во Куманово и Липково и денеска продолжуваат со штрајк.

Продолжува штрајкот на просветарите во Куманово и Липково

Тие се на своите работни места, но не држат настава. Досега ниту еден штрајкувач во синдикатот не се пожалил на закани и притисоци. Попладнево ќе се сумираат податоците за успешноста на штрајкот на ниво на регион.

“Од СОНК очекуваат покана од Владата за да почнат преговори, но кога тоа ќе се случи не зависи од нас. Во меѓувреме не се одвива воспитно - образовниот процес. Директорите на училиштата во општината имаат доставено списоци, по кој предмет колку наставници се потребни за да се најде замена“ - вели Никола Стојмановски, секретар во Регионален просветен синдикат.

Во кумановските училишта се ангажирани околу 1700 наставници и помошен персонал, и токму затоа од синдикатот се сомневаат дека за сите нив ќе се најде соодветен кадар за замена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk