Продолжува штрајкот во основните и средни училишта, градинките од утре почнуваат со работа

26.04.2022 19:11 | Сузана Николиќ

Штрajкот во основните и средни училишта во државата продолжува и утре, одлучи Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК).

Продолжува штрајкот во основните и средни училишта, градинките од утре почнуваат со работа

Претседателот на СОНК Јаким Неделков, по состанокот на Советот кажа дека повеќето членови се изјасниле да продолжи штрајкот.

„Од вкупно 480 синдикални организации,  388 беа за продолжување на штрајкот, а 83 за прекинување на штрајкот. Најголем дел од оние кои се против се од синдикатот за детска заштита, додека за продолжување на штрајкот се изјаснија синдикалните организации од основното и средното образование“, изјави Неделков.

 Тој кажа дека синдикатот на градинките одлучил да го прекине штрајкот, и од утре ќе започнат со работа, во интерес на децата и родителите.

Вчера, Владата соопшти дека со СОНК постигнале согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита за 12 отсто и се договориле наставата и почеток на работата на градинките да започне од среда, 27 април.

Но, СОНК ја одби понудата на Владата за покачување на платите и ќе продолжи со штрајкот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk