Продолжува штрајкот во училиштата и градинките, СОНК не прифаќа зголемување на платите за 10%

17.04.2022 18:20 | Сузана Николиќ

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) ја одби понудата на Владата и продолжува со генералниот штрајк во градинките и во основните и средните училишта. 

Продолжува штрајкот во училиштата и градинките, СОНК не прифаќа зголемување на платите за 10%

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на денешната прес-конференција соопшти дека не ја прифатиле понудата за зголемување на платите за 10 отсто.

„Донесовме одлука за продолжување на генералниот штрајк и за неприфаќање на понудата на Владата. Над 95% од синдикалните организации ја отфрлија понудата за зголемување на платите за 10%, зашто тоа не соодветствува со зголемувањето на минималната плата во државата и не придонесува за враќање на достоинството на професијата“, кажа Неделков.

Тој додаде дека членството на СОНК смета дека зголемувањето од 10 отсто не е доволно.

СОНК го почна штрајкот на 11 април и Неделков тогаш кажа дека е поддржан од 25.000 вработени во градинките и училиштата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk