Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска продолжува судењето за Диво насеље во Кривичниот суд во Скопје.
На претходното рочиште сведочеа петмина, од кои четворица полицајци кои биле нападнати во полициската станица Гошинце, пред настаните во Куманово, и еден очевидец од Диво насеље. Сведочењето се одвиваше без присуство на новинарите.
Полицајците за време на сослушувањето, изјавиле дека биле нападнати од две групи, кои ги претепале и им го одземале оружјето. Групата, како што рекоа полицајците, земала оружје од магацинот на полицискиот пункт. Им ги одзеле телефоните и униформата, а потоа ги ослободиле. Полицајците објасниле дека подоцна успеале да воспостават контакт со полициската станица и да го пријават случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk