Продолжува судењето за убиството на Алмир

06.10.2017 09:36 | KumanovoNews

Во Основниот суд Куманово денеска продолжи судењето на Бобан Илиќ(30), обвинет за убиство со умисла на Алмир Алиу(4), како и на неговите роднини Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу, сите обвинети за насилство.

Продолжува судењето за убиството на Алмир

На денешното рочиште исказ ќе дадат двајца од обвинетите за насилство.

Прегазувањето на Алмир се случи на 25 јуни минатата година, поради банална расправија во Здравствениот дом во Куманово.

Семејството Алиу бара максимална казна за Бобан, затоа што смета дека убиството го извршил со умисла, додека Бобан се изјасни дека не е виновен и делото го извршил во страв, како жртва на пресметката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk