Продолжува уништувањето на опремата на излетничкото место „Студена вода“

28.12.2020 11:56 | KumanovoNews

Продолжува вандализмот на излетничкото место „Студен вода“ во село Доброшане.

Продолжува уништувањето на опремата на излетничкото место „Студена вода“

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, рече дека уништувањето на јавниот имот продолжува и понатаму.

„За жал уништувањето на јавниот имот не сопира, штотуку наместени една од скарите е уништена", вели тој.

Во моментот во викенд населбата „Студена Вода" во Доброшане, во тек е поставување на нова урбана опрема во вид на маси, клупи, столови, осветлување и скари.

Инаку, на почетокот на месецот исто така беше скршена и канделабрата, ноќта откако било ставено во функција новото осветлување на викенд населбата „Студена вода“.

Проектот за изградба на излетничко место на Студена вода е во завршна фаза, со кој се очекува  Куманово да добие нова локација за прошетка на граѓаните во природата.

(Ф.М.)


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk